ЈП Водовод и канализација-Скопје го продолжува рокот за отплата на заостанатите долгови за потрошена вода без камати и бесплатно легализирање на диви приклучоци за вода се до 15 Јули
„Бројот на корисници кои доаѓаат во наплатните пунктови на претпријатието постојано се зголемува, постојано пристинуваат барања за продолжување на претходно предвидениот рок од 45 дена.Апелираме до сите корисници кои од било кои причини не беа во можност досега да склучат договор за плаќање на заостанат долг за потрошена вода на рати и без камата, да го искористат рокот до 15 Јули и да ги подмират своите долгови без камати и нотарски трошоци,“ информираат од претпријатието.
Плаќањето и понатаму ќе може да се изврши на благајните на ЈП Водовод и Канализација-Скопје, во целост, или со склучување на договор на рати. Она што е важно и што претставува дополнително олеснување за корисниците е фактот што доколку долгот се отплаќа на рати, трошоците за нотарска заверка на Договорите за рати, се на терет на самото претпријатие, а не на корисниците.
Оваа можност досега ја искористија огромен број на корисници. Заклучно со денешниот ден склучени се над 2500 договори за плаќање на заостанат долг на рати без пресметана камата за задоцнето плаќање.