JPMorgan предупредува: Русија може да банкротира

Руските берзи се затворени, рубљата вреди помалку од еден цент, а западните бизниси заминуваат; земјата е пред банкрот, предупредуваат од JPMorgan, соопшти Си-Eн-Eн.

– Со санкциите наметнати против Русија се зголемува можноста земјата да не си ги исполни обврските за подмирување долгови во девизи, се дознава од порака до своите клиенати испратена од аналитичари за пазарите во развој на JPMorgan.

Не дека Русија нема готовина за исплата на обврските, која според Централната банка изнесува 643 милијарди долари странски резерви. Но од JPMorgan велат дека санкциите на ЕУ и САД против руски владини ентитети ја спречува Русија да префрла пари и ги нарушува синџирите на исплата, што претставува голема пречка за подмирување на меѓународните обврски.

Исклучувањето од SWIFT е една од тие пречки, со што се спречува исплата на средства од руските резерви и готовината добиена од приходите по извоз.

Русија овој месец има обврска да исплати повеќе од 700 милиони долари камата до кредитните организации, со грејс период од 30 денови, велат од JPMorgan.

Според набљудувачите, Кремљ најверјатно се подготвува за намерна неисплата на своите обврски и прогласување банкрот како казна за САД и Европа за уништувањето на руската економија.

– Путин 100 ппроценти оди во банкрот. Западот го задушува, па зошто тој би се сложил сега да му плаќа на Западот камати, вели Кајл Бас, хеџ фонд менаџер.

Руските власти забранија исплати во купони за хартии од вредност во рубљи на странците, укажувајќи на тоа дека властите не им е грижа за странските холдинзи на руски капитал.

– Русија може да го употреби банкротот како начин да се одмазди за западните санкции за да им нанесе загуби на странските кредитори. Не е далеку од умот руските власти да забранат исплати за долговите во странство, сметат од Capital Economics.