![jsp-65-ka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/08/jsp-65-ka.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Поради оштетен коловоз од обилните врнежи од дожд и непроодност на патот, повеќе линии на јавен превоз ќе бидат скратени или редуцирани, информираат од ЈСП.
Таквата промена ќе важи за следниве линии:
– линија 65В ќе сообраќа до семафори кај пазар „Ченто“;
– линија 65 од с.Раштак нема да сообраќа;
– минибус на релација Раштак – Црешево – Виниче-Смилковци нема да сообраќа;
– линија 65б од с. Смилковци нема да сообраќа;
– линија 65а од с. Страчинци нема да сообраќа;
– линија 55а од с. Брњарци нема да сообраќа
– линија 55 за Арачиново, Орланци и Грушино ќе сообраќа до семафори кај пазар „Ченто“
Скратувањето и редукцијата на наведените линии ќе важат до поправките и санирањето на овие патни правци и воспоставување на редовен сообраќај.