Во спортската сала „Македонија” при СУГС „Кочо Рацин“ во населбата Ѓорче Петров, вчеравечер заврши Турнирот во мал фудбал помеѓу Јавните претпријатија на Град Скопје, што традиционално се одржува секоја година во чест на 13 Ноември- Денот на ослободување на Скопје.
Во спортската сала „Македонија” при СУГС „Кочо Рацин“ во населбата Ѓорче Петров, вчеравечер заврши Турнирот во мал фудбал помеѓу Јавните претпријатија на Град Скопје, што традиционално се одржува секоја година во чест на 13 Ноември-Денот на ослободување на Скопје.
На седмиот Турнирот во мал фудбал помеѓу Јавните претпријатија на Град Скопје настапија 10 екипи и тоа: ЗГЈП „Јавен глас”, ЈП „Комунална хигиена”, ЈСП Скопје, ЈП „Водовод и канализација”, ЈП „Градски паркинг”, ЈП „Улици и патишта” , ЈП „Паркови и зеленило”, екипа на Противпожарна бригада на Град Скопје, ЈП „Дрисла” и Град Скопје.
Турнирот траеше два дена каде што екипите играа по принцип на натпревари со елиминација, натпреварите се играа во две полувремиња од 15 минути, а финалето се играше во две полувремиња од 20 минути.
На финалните натпревари присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кои ги додели пехарите и медалите на екипите, како и наградите за најдобрите поединци.
И оваа година првото место на Турнирот во мал фудбал помеѓу Јавните претпријатија на Град Скопје го освои екипата на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, која во финалето со резултат 1:0 ја совлада екипата на ЗГЈП “Јавен глас”.
Во малото финале, екипата на Град Скопје со резултат 3:2 ја совладаа екипата на ЈП „Комунална хигиена“.
За најдобар поединец на Турнирот беше прогласен Дејан Блажевски од тимот на ЈСП-Скопје, најдобар стрелец на Турнирот е Владимир Стрезовски од екипата Град Скопје, а за најдобар голман прогласен е Љубиша Џепиќ од тимот ЗГЈП „Јавен глас”.
Седмиот Турнир на ЈП на Град Скопје „13 Ноември“ е во организација и под покровителство на Град Скопје и Синдикатот на Јавни претпријатија на Град Скопје.