Оваа алатка содржи три типови на помагала, кои им овозможуваат на граѓаните да ја проверат трасата и времето на патување и истото можат да го најдат како јазичиња на страницата www.info.skopska.mk, информираат од Јавното претпријатие.
СТАНИЦИ – овозможува јасен преглед на сите почетни станици низ кои стартуваатодредени линии и преостанатото време на тргнување на возилата.
ЛИНИИ – оваа алатка овозможува јасен преглед за одредена линија, поточно сликовито и текстуално ги наведува станиците низ кои поминува возилото на ЈСП СКОПЈЕ, за одбраната линија.
СОВЕТНИК – оваа алатка користи за определување на линијата и трасата на патувањето. Со внесување на почетната точка каде што се наоѓа патникот и крајната дестинација, може да се добие информација со која линија да се пристигне до посакуваната цел, дали треба да направи преседнување во друго возило, за колку време пристигнува возилото и за колку време ќе пристигне.
Оваа веб апликација може да се прегледува и од мобилен телефон, со едноставно пребарување на страната www.info.skopska.mk. Истата на граѓаните им го олеснува превозот и им го заштедува драгоценото време.