ЈСП СКОПЈЕ ја информира јавноста дека согласно Одлуката на градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, почнувајќи од истиот момент на објава на ова соопштение, претпријатието ќе ги превезува граѓаните бесплатно.
-Ова мерка е од времен карактер и важи за сите лица кои имаат потреба од јавен превоз и истата ќе биде активна се до нејзино укинување од страна на градоначалникот. Мерката за бесплатен јавен превоз е воведена како последица на загаденоста на воздухот во Скопје и со истата се очекува намалување на користењето на леките возила, информираат од ЈСП Скопје.
Од ЈСП додаваат дека од моментот на воведување на оваа мерка, билетарниците на ЈСП ќе работат само со дежурните служби на следните локации:
-Напоменуваме дека од системски т.е. технички причини, ЈСП СКОПЈЕ нема да може да изврши рефундирање на средствата на веќе набавените времени билети, ниту пак пролонгирање на нивната важност, додаваат од Јавното сообраќајно претпријатие.