Jубилеен концерт на „Синтезис“ вечерва на плоштадот „Мајка Тереза“

По повод јубилејот – 25 години артистичка кариера, етногрупата „Синтезис“, вечерва ќе одржи славенички концерт на плоштадот „Мајка Тереза“ во центарот на Скопје, со почеток во 20 часот.

Специјални гости ќе бидат Влатко Стефановски и Наум Петрески.

Групата „Синтезис“, со повеќе од 500 концерти одржани низ светот и настапи во некои од најпознатите светски сали и фестивали, е еден од најголемите амбасадори на македонската музика во светот.

„Синтезис“ има издадено осум албуми и соработувано со најпознатите македонски музичари, меѓу кои и Влатко Стефановски, Тоше Проески, Наум Петрески, Борис Трајанов, како и со познати балкански имиња како што се Биља Крстиќ и „Бистрик“.

Билетите се пуштени во продажба во ограничен број, по цена од 200 денари. Концертот ќе се одржи под строги протоколи и мерки.