Јубилејна награда „Микеланџело“ за македонскиот сликар Јордан Манасијески

Јубилејна награда „Микеланџело“ за македонскиот сликар Јордан Манасијески
Јубилејна награда „Микеланџело“ за македонскиот сликар Јордан Манасијески

Сликарот Јордан Манасијески доби високо интернационално признание со што ја става македонската во врвот на современата светска уметност.

Наградата се доделува во чест на јубилеот 500 години од изработка на скулптурата „Мојсеј” од Микеланџело Буонароти. Се доделува на современи автори кои што оставаат значаен белег во светската уметност.

Наградата ја доделува италијанската критика RUSSO, Efeeto Arte , и издавачката куќа Serradifalco.

Настанот се одржа во Палата „Cardinal Cesi”, во Ватикан и беше поддржана од италијанските медиуми.

Наградата во негово име ја прими неговиот промотор Лјупчо Жупан сопственик на Галерија „Букефал“, која е истовремено и ексклузивен застапник за продажба и промоција на делата на Јордан Манасијески.

bukefa2