Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ – Скопје, кое годинава одбележува 70 години постоење, утре ќе биде отворена јубилејната годишна изложба.
Завршната изложба ќе се отвори во 20 часот во галеријата на училиштето, во кое своевремено професори и ученици биле многу еминентни македонски уметници. Ќе бидат претставени слики, скулптури, графики, керамики, цртежи, мултимедијални дела, видеа, ентериер и дополнително изложбата ќе биде збогатена со модна ревија на одделот за Текстил и облека. Атмосферата ќе биде дополнета со музички настап на ученици од ДМУБУЦ „Илија Николовски-Луј“.
Почетоците биле во скромни услови, а низ текот на годините ова училиште располага со одлични услови, со нов објект, но и со нови современи наставни програми. Од оваа учебна година наставниот план е збогатен и со новиот предмет „Фотографија“ и со новиот оддел Мултимедија.