
Јуфо на тренинг ги скина лигаментите, по што му следува пауза од шест месеци. Повредата беше потврдена и од страна на клубот, кој на официјалниот сајт соопшти дека Јуфо ги повредил лигаментите на левото колено, поради што ќе замине на операција.
Рехабилитациониот период по вакви повреди е од четири до шест месеци, а враќање во комплетна натпреварувачка форма се очекува за околу седум месеци.