Јулија Скрипал излегува од болница

© AP Photo / Yulia Skripal/Facebook

Руската 33-годишна државјанка Јулија Скрипал, којашто според британските власти, на 4-ти март заедно со нејзиниот татко 66-годишниот поранешен двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал била изложена на нервен агенс во јужниот англиски град Солсбери, во вторникот ќе биде отпуштена од болница, изјавиле извори на телевизијата Sky News.

Според телевизијата, Јулија Скрипал „требало да биде испишана“ од болницата во понеделникот, но изворите на Sky News не можеле да потврдат дали таа била отпуштена. Се очекува денеска лекарите коишто ја лекувале Скрипал да излезат со соопштение за јавноста.

Како што објави британскиот јавен радио-телевизиски сервис BBC, Јулија Скрипал по излегувањето од болницата ќе биде пренесена на „безбедно место“.

На 29-ти март, исто така, BBC објави дека Јулија Скрипал, излегла од кома и можела да зборувал. Подоцна лекарите констатирале подобрување на здравствената состојба на пациентката.

Претходно во петокот Sky News објави дека и поранешниот полковник на руското воено разузнавање ГРУ подоцна врбуван за британското разузнавање Сергеј Скрипал, излегол од кома и веќе може да разговара.

Според телеизијата, полициските иследници наскоро ќе може да разговараат со лицето околу кое се одвива целиот инцидент во Солсбери кој предизвика нова ескалација на тензиите меѓу Западот и Русија. Во извештајот беше наведено дека поранешниот двоен шпион повеќе не е во критична состојба, добро реагира на третманите, останува во свесна состојба и може да комуницира.

Истовремено братучетката на ќерката Јулија Сркипал, којашто беше изложена на нервен отров заедно со таткото, јавно апелираше до британската премиерка Тереза Меј, со барање да го преиспита одбивањето на нејзиното барање за британска виза за да ги посети своите роднини во Солзбери. Својата порака таа директно ја прочита во програмата на Sky News.