
Јулија Скрипал, ќерка на двојниот руски шпион Сергеј Скрипал, кои беа затруени со нервен гас минатиот месец во Велика Британија, по излегување од болницата ја одбила помошта од амбасадата на Русија, пренесува ББЦ.
Таа кажала дека нејзиниот татко се уште е сериозно болен, што е спротивно на тоа што и го рекла на нејзината роднина Викторија, пред да ја отшуштаат од болница.
Јулија во изјавата, дадена преку полицијата, рекла дека се уште не е во состојба да дава интервјуа, и потенцирала оти коментарите на нејзината роднина дадени за руските медиуми не може да се сметаат за нејзини, ниту, пак на нејзиниот татко.
И се заблагодарувам на Викторија што се грижи за нас, но ја замолувам да не ми доаѓа во посета и да не се обидува да ме контактира, за сега. Имам на располагање специјално обучени офицери кои се грижат за мене и ми помагаат да ги разберам истражните процеси кои се преземаат. Имам пристап до пријателите и семејството и запознаена сум со контактите во руската амбасада која љубезно ми понуди помош. Во моментов не сакам да ги користам нивните услуги, но ако се предомислам знам како да им се обратам, рече Русинката.