Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед најверојатно ќе излезе како победник во трката по потписот на аргентинскиот интернационалец од редовите на португалскиот прволигаш Бенфика, Езекел Гарај.
Раководните лица на популарните “црвени ѓаволи” веќе потврдија дека се поготвени да го исплатат побараното обештетување од 25 мил. евра за 27-годишниот дефанзивец, кој подолг временски период важи за голема желба на италијанските калчолигаши Наполи, Јувентус и Милан.