Јунајтед ќе потроши и повеќе од 100 мил. евра за еден фудбалер

Ед Водварт, претседателот на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед откри дека “црвените ѓаволи” се во состојба да понудат и повеќе од 100 мил. евра за еден фудбалер, односно да го реализираат најскапиот трансфер во фудбалската историја.

“Јас секогаш стојам на мојот збор и ќе повторам уште еднаш дека Манчестер Јунајтед нема дефиниран буџет кога е во прашање летниот преоден рок. Манчестер Јунајтед е во многу силна финансиска позиција. Можно е да купиме уште неколку квалитетни засилувања. Јунајтед може да понуди и повеќе од 100 мил. евра за еден фудбалер, но тоа не значи дека Јунајтед е во ситуација да фрла пари на сите страни. Луи ван Гал ќе го има последниот збор. Единствената вистина е таа дека ние немаме никаков страв, можеме да понудиме колку што сакаме. Искрено, не сум загрижен поради фактот дека е можно да станува збор за нов фудбалски рекорд, за најскап трансфер во фудбалската историја. Ќе биде купен фудбалер кој може да биде вистинска ѕвезда и во дресот на Манчестер Јунајтед”, изјави Водварт.