Јуниорските кик-боксери на СП во Италија

Македонската јуниорско кадетска репрезентација во кик бокс од 06-15.09.2014 година ќе учествува на Светското јуниорско кадетско првенство. Првенството ќе се оддржи во Римини ,Италија .

Боите на Македонија ќе ги бранат младите но искусни кик боксери :

1. Марија Божиновска +70 kg kik lajt
2. Марио Додевски -69 kg kik lajt
3 .Хедис Рамадани -67kg loу kik
4. Бобан Илоски -71kg loу kik

Младите кик боксери на ринг и на татами ќе ги предводи тренерот на репрезентација Драган Атанасовски кој за свој помошник ќе го има Александар Стефковски.

Репрезентацијата ќе ја предводи претседателката на Федерацијата Александра Неделковска, која ќе присуствува на годишното собрание на бордот на директори на светската WАКО асоцијација.