Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер малку на шега, а малку реално директно им се обрати на британските пратеници во Европскиот парламент.
Тој претходно истакна дека е неопходно во Брисел да се разговара за резултатите од референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ.
Ние треба да ја почитуваме британската демократија и одлуката што ја донесоа, рече Јункер, пред да го прекине аплаузот од британските пратеници.
По ова следеше кратка пауза, па коментарот:
-Ова е последен пат да аплаудирате овде… Мошне сум изненаден што сте овде, се боревте за излез, британскиот народ гласаше… Зошто сте овде, праша Јункер.