Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и британската премиерка Тереза Меј договорија во понеделникот вечерта дека „следните месеци ќе ги зајакнат напорите“ за да се постигне договор за истапувањето на Велика Британија од Европската унија.
Во соопштението објавено по работната вечера во Брисел, Јункер и Меј истакнуваат дека „разговарале за напредокот во оствареното“ од почетокот на преговорите за излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ и оти се „договориле за забрзување на напорите во текот на следните месеци“.
„Работната вечера мина во пријателска и конструктивна атмосфера“, оценија двајцата челници.
Инфорамцијата за посетата на британската премиерка Тереза Меј беше објавена во неделата навечер, а нејзината цел е да се известги за преговорите со Лондон и за подготовките за излегувањето на Велика Британија од ЕУ, и тоа во пресрет на самитот на Европската унија во Брисел кој ќе се одржи во четврток и петок и кој делумно ќе биде посветен на тоа прашање.
Иако Даунинг Стрит настојуваше на тоа дека средбата била предвидена пред повеќе седмици, доаѓањето на пемиерката во Брисел остави впечаток на итност, по последниот круг од преговорите за Брегзит кои разочараа.
Меј беше придружувана од британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис, а на состанокот присустуваше и Мишел Барние, главниот преговарач на ЕУ за британското излегување.
Меј и Јункер во заедничкото соопштение истакнуваат и дека „исцрпно и конструктивно разговараа за моменталните предизвици во Европа и во светот“, па така и за својот „заеднички интерес на зачувувањето на договорот за иранската нуклеарна програма“, како и за „целосното заземање за јакнење на безбедноста на граѓаните во Европа, во прв ред на сузбивањето на тероризмот“.