Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, најави во петокот во Виена дека во септември Комисиајта ќе продложи нови мерки за заштита на надворешните граници на Европската унија.
„Се согласивме дека Комисијата во септември ќе излезе со предлог за заштита на надворешните граници“, ијави Јунекр по средбата на челновите на ЕК со австриската влада, коајшто од 1-ви јули ја презема ротирачкото претседателство со ЕУ.
Уште од сега се знае дека една од предложените мерки за јакнење на Френтекс, кој би требало да има 10 илјади припадници на граничната полиција и крајбрежната стража до 2020 година наместо до 2027 година, како што претходно беше планирано.
Останува нејасно прашањето на мандатот на Фронтекс, бидејќио тој може да се распореди само доколку тоа некоја земја го побара. Австрискиот канцелар Себастијан Курц рече дека не е сосема сигурен дека сите членки на ЕУ се согласни околу јакнењето на мандатот на Фронтекс, но дека во дабатата на самитот кон крајот на минатиот месеца било забележително дека многу земји го промениле ставот.
Во последно време во ЕУ е забележливот приближувањето на ставовите околу потребата од заштита на надворешните граници.
„Во првата фаза од мигрантската криза, портите на ЕУ беа провалени, а сега влегуваме во даза во којашто ќе ги штитиме надворешните граници, кои ќе бидат полициски надгледувани“, рекол извор од ЕК. Додал дека ЕУ „никогаш нема да прибегне да ги брка луѓето од своите брегови“.
Насоченоста на заштитата на андворешните граници неодамна ја критикуваше луксембуршкиот министер за надворешни работи Жан Аселборбн, велејќи дека станува збор за „фетишизам на надворешните граници“,
Јункер во петокот во Виена рече дека забелешката на Аселборн не е точна, а канцеларот Курц рече дека луксембуршкиот министер претставува малцинство во ЕУ.
„Не доаѓа предвид продолжување на политиката од 2015-та, потребен е пресврт. Мноумина го променија мислењето, тој можеби не, но би било време ио тој тоа да го стори“, порача Курц.