Преговорите меѓу Грција и нејзините доверители за финализирање на последната програма за спасување и излезот на земјата на меѓународните пазарите ќе бидат акцентирани на состанокот во Атина меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Состанокот се смета за чин на висока симболика за поддршка од Европската комисија во рамките на напорите за спас на Грција од програмите на меѓународните кредитори по осумгодишната криза.
Јункер доаѓа во Атина еден ден пред неформалниот состанок на Еврогрупата во петокот во Софија. Се очекува грчкиот министер за финансии да ја претстави стратегија за развој на Грција по излегувањето на земјата од надзорот на доверителите.