Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер прифати повик да учествува на Меѓународен економски форум во Санкт Петербург на 16 јуни, пренесува МИА.
Тоа го соопшти прес службата на Јункер, а според западни медиуми тој потег може да предизвика дебати за кревките односи меѓу ЕУ и Москва.
Пред десет дена официјални претставници од ЕУ тврдеа дека не е јасно дали Јункер кој се изјаснуваше за подобрување на односите со Русија, ќе го прифати повикот на Кремљ иако руската страна очекувала неговор присуство во Санкт Петербург.