Раководните лица на Интер и Јувентус, најпосле добија конкретна информација околу тоа колку чини слободата на белгискиот интернационалец од редовите на Калјари, Раџа Најголанд.
Спортскиот директор на калчолигашот. Фабио Паратичи потврди дека клубот е подготвен да се ослободи од услугите на одличниот играч за врска за време на зимскиот преоден рок, но под еден услов, заинтересираниот клуб да испрати официјална понуда не помала од 20 милиони евра.
“Да бидам јасен, Калјари сака уште многу години на располагање да ги има услугите на Најголанд, но сите сме свесни дека секој фудбалер има своја цена и секој фудбалер има зацртано по некоја цел која сака да ја исполни во неговата професионална кариера. Ние никого не држиме со сила, но подготвени сме да седнеме на преговарачката маса, само доколку заинтересираниот клуб испрати официјална понуда не помала од 20 мил. евра”, потврди Паратичи.