Јуве поразен кај Сампдорија

ANSA/SIMONE ARVEDA

Во средбаа од последното 38 коло од италијанското фудбалско првенство Сампдорија го победи шампионите Јувентис со 2:0, со што торинската „Стара дама“ првенството го заврши со серија од пет кола без победа.

Меѓутоа, Јувентус одамна ја осигури титулата по оваа негативна серија не влијаеше на позицијата на „црно-белите“ и својата 35-та титула првак на Италија, а осма по ред. Јуве на крајот собра 90 поени, 11 бодови помалку од вторпласираниот Наполи кој во саботата загуби со 2:3 кај Болоња.

Победата на Сампдорија ѝ ја донесоа Грегоре Дефрел во 84 и Џанлука Капрари со погодок во судското продолжување на натпреварот. Сампдорија сезоната ја заврши на деветто место со 53 бодови.

Масимилиано Алегри на разделбата со Јувентус им даде шанса на ирачите кои оваа сезона малку настапуваа, па Кристијано Роналдо, Миралем Пјаниќ, Марио Манџукиќ и уште неколку првотимци не настапија.