Актуелниот фудбалски шампион на Италија, торински Јувентус ја поведи со 2:1 просечната Сампдорија во 19 -то коло од Серија А, а минимална победа извојува и Интер на гостувањето кај Емполи.
Јувентус поведе уште во втората минута преку Кристијано Роналдо, но Сампдорија успеа да израмни во 33 преку. единаесеттерецот кој го реализираше Кваљарела. Јуве го врати водството исто така од пенал кој во 65 минута прецизно го изведе Роналдо. Во судското продолжение Сапонара ја погоди мрежата на домашни за 2:2, но по долготрајното прегледување на снимката, беше утврдено дека претходно во текот на акцијата се наоѓал во недозволена позиција, па голот беше поништен. Јувентус сега има 12 бодови предност пред вториот Наполи кој во недела ќе го одигра мечот од ова коло (53 – 41), додека Сампдорија остана на шестото место со 29 бодови, еден повеќе од Милан кој има меч помалку.
Интер со голот на Кеита Балде во 72 минута дојде до трите бода на гостувањето кај Емполи. „Нераѕурите“ сега се трети на табелата со 39 бодови, без шанси да го нападнат Јувентус. Емполи е 17-ти со 16 бодови, три повеќе од зоната на испаѓање.
До гостинска победа дојде и Рома кај Парма, а стрелци беа Кристантне во 58 и Унер во 75 минута. „Волчицата“ дојде 30 бодови и е на петтото место, а Парма е 12-та со 25 бодови.
Лацио испушти можност против Торино да го одржува чекорот со третопласираниот Интер, откако дома одигра 1:1. Гостите поведоа со голот на Белоти од пенал досуден во третата минута од судиското продолжување на првото полувреме, а за домашните израмни Милинковиќ-Савиќ во 62 минута. Лавиот е четврти со 32 бода, додека Торино е деветти со 27 бодови.
Џенова и Фиорентина одиграа без голови, на не напредуваа на табелата. Џенова е 14-та со 20 бодови, а Фиорентина е 10-та со 26 бодови.
Во дербито на дното Киево во својата Верона дојде до првата победа сезонава, над Фросиноне со голот на Џакерини во 76 минута. „Летечките магариња“, кои сезоната ја започнаа со минус три бода, сега имаат 8 бодови, и ја намалија разликата на само два бодат од претпоследниот Фросиноне.
Удинезе со головите на Пусето во 39 и Бехрами во 57 минута пред своите навивачи го совлада Каљари. Тимот од Удине моментално е 15-ти на табелата со 18 бодови, а сицилијанците се две места погоре со два бода повеќе.
Најмногу голови беа постигнати во Сасуоло, каде што истоимениот домашен клуб беше со 2:6 поразен од Аталанта. Три гола за гостите, во 74, 86 и втората минута од судиското продолжение постигна Словенецот Јосип Иличич, а неговата екипа поведе преку Запата во 19, па двапати одеше на два гола предност преку Гомез во 42 и Манчини во 54 мините. Стрелци за домашните беше Данкан во 51 и 57 минута. Сасуоло и натаму е 11-ти со 25 бодови, а Аталанта дојде до осмото место со 28 бодови.
Подоцна се играат дуелите Наполи – Болоња и Милан – СПАЛ.