Италијанските медиуми шпекулираат дека „Јувентус“ е подготвен да ја продаде една од неговите најголеми ѕвезди, Аргентинецот Гонзало Игуаин. Триесетгодишниот Игуаин за две сезони во Торино, по трансферот од „Наполи“,
постигна 55 гола.
„Спорт Медиасет“ објави дека „Јувентус“ е подготвени да заработат од играчот за кој пред две години платија 90 милиони евра. Управата на „Старата дама“ наводно била подготвена да го продаде Аргентинецот за сума нешто поголема од 50 милиони евра.
Иако оваа сума е за 40 милиони евра помала од она за која го купија, во клубот се свесни дека тоа Игуаин ќе наполни 31 година на крајот на годината, па сметаат дека сега е вистинско време да го продадат.
Потенцијално нова дестинација на Аргентинецот лесно може да биде ПСЖ, во зависност од тоа дали Единсон Кавани ќеостане или ќе си замине. Како уште една потенцијална дестинација е наведен „Челзи“. Отворено се спомнува и можната размена на играчи, според која, во Лондон би заминал Игуаин, додека во Торино би се вратил Алваро Мората (25) кој во „Јувентус“ играше одлично помеѓу 2014 и 2016 година.
Вестите за потенцијален трансфер на Игуаин предизвикаа мешани реакции на навивачите на „Јувентус“. Додека некои се согласуваат и особено го посакуваат враќање Мората, други сметаат дека евентуалното заминување на Игуаин ќе биде огромна загуба за клубот.