Генералниот менаџер на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Џузепе Марота веќе има направено список со фудбалери кои би требало да пристигнат во Торино за време на летниот преоден рок но само доколку клубот заработи посериозна парична сума од продажбата на францускиот интернационалец, Пол Погба.
Иако, челниците на “старата дама” постојано повторуваат дека Погба има статус на недопирлив, италијанските медиуми се убедени дека малдиот играч за врска ќе добие дозвола за промена на клупската средина доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 60 мил. евра.
Таква понуда можат да си дозволат само најбогатите клубови во Европа, Манчестер Сити, ПСЖ и Реал (М).Парите кои би биле заработени од продажбата на Погба би се искористиле за да се осигураат услугите на двоецот од редовите на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси и Нани.
Холандскиот интернационалец е проценет на 25 мил. евра, а репрезентативецот на Португалија ќе биде достапен со понуда не помала од 15 мил. евра.