Одбранбениот фудбалер на Базел, Фабиан Шар призна дека доколку му се укаже шанса, веднаш би прифатил да заигра за Јувентус, Интер или Милан.
22-годишниот Шар важи за еден од најдобрите млади централни бекови во Европа, па токму поради тоа постојано е поврзуван со голем број на фудбалски гиганти, особено со Арсенал.
Како и да е, самиот Шар призна дека Серие А е исто така реална опција за него доколку го напушти шампионот на Швајцарија, а со оглед дека неговиот договор завршува на лето, тој уште зимава би можел да заигра во италијанската топ фудбалска лига.
“Јас навистина неможам да кажам “не” на клубови како Јувентус, Интер или Милан. Иако сум во преговори со Базел, сепак во моментов сакам да се фокусирам само на мојата игра и она што се случува на теренот. Како и да е, доколку ми се овозможи да заиграм за друг клуб, секако овие клубови ќе бидат на врвот на мојата листа со приоритети. Треба да се обидам да играм во тим со големи амбиции, иако за тоа ќе ми треба дозвола од Базел, со кој сеуште сум под договор” , истакна Шар за швајцарски Блик.
Шар, кој летово ја претставуваше својата репрезентација на Светското првенство во Бразил, ќе биде еден од најинтересните фудбалери кога е трансфер пазарот во прашање, со оглед на тоа што неговиот договор со Базел завршува идното лето.