Јувентус сигурен против Удинезе

Актуелниот италијански шампион ја забележа втората победа во новата сезона во Серие А откако на домашен терен беше подобар од Удинезе со 2:0.

„Старата дама“ рутински ја заврши својата работа против гостите од Удине, а резултатот го отвори Карлос Тевез по само осум минути игра.

Конечниот резултат го постави Клаудио Маркизио на 15 минути до крајот на натпреварот.

Јувентус во двете воведни кола забележа две победи без примен гол.