Фудбалерите ја Јувентус изборија пласман во четврфиналето од италијанскиот национален куп откако во осминафиналниот дуел ја совладаа Џенова со 2:0.
Победата на „Старата дама“ од Торино ѝ ја донесоа Паоли Дибала со голот од работ на шеснаесетникот во 42 минута, и Гонзало Игуаин кој на сличен начин го погоди противничкиот гол во 76 минута.
Јуве во четврфиналето ќе се сретне со градскиот ривал Торино кој приреди изненадување совладувајќи ја Рома на нејзин терен со 2:1.
Торино поведе во 39 минута со голот на Лоренцо де Силвести, а за 2:0 погоди Симоне Едера. Рома можеше да намали во 76 минута, но голманот Вања Милинковиќ-Савиќ одлично го одбрани ударот од белата точка на Един Џеко. Патрик Шчик во 85 минута сепак успеа да постигне гол за „Вочицата“, но за повеќе немаше време.
Во четвртфиналето во средата се пласираше и Аталанта која го победи Сасуало со 2:1.
Четврфиналните двојки ги сочинуваат: Лацио – Фиорентина, Милан 0 интер, Наполи – Аталанта и Јувентус – Торино.