Јужна Кореја и САД го усогласија укинувањето на ограничувањето за тежината на боевите глави

Јужнокорејскиот претседател Мун Јаи-ин и американскиот Доналд Трамп во понеделникот се договориле дека ќе го отстранат ограничувањето за тежината на боевите глави на јужнокорејските проектили откако Северна Кореја го изведе својот шести нуклеарен тест, објави кабинетот на челникот на Јужна Кореја.

Според моментално активниот договор за прокетилите меѓу САД и Јужна Кореја, боевите глави коишто ги поседува Сеул смеат да бидат тешки најмногу 500 килограми.

Овој договор, последен пат изменет во 2012 година, беше во процес на измени откако Северна Кореја годинава, откако Мун стапи на власт во мај, изведе низа ракетни тестови, вклучително и две лансирања на интерконтинентални балистички проектили.

Неограничената тежина на боевите глави на Јужна Кореја ѝ овозможува да изведе посилен удар врз Северна Кореја доколку дојде до воен судир.

Лансирањето на проектилите и натаму е ограничено на дострел од 800 километри, а во соопштението на Сината куќа, резиденцијата на јужнокорејскиот претседател, не се споменува ова прашање.

Трамп и Мун се усогласиле за тежината на боевите глави во текот на телефонскиот разговор. Се согласиле и дека ќе применат најстроги санкции и да создадат притисок врз Северна Кореја преку Обединетте нации.

Јужна Кореја во понеделникот имаше контакти со САД и за разместување на носач на авиони и стратешки бомбардери на Корејскиот полуостров. Тоа сигурно ќе предизвика реакција на Северна Кореја, но и на Кина којашто одамна бара водржаност од сите страни и денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Во одвоен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, јужнокорејскиот Мун Јаи-ин рекол дека Советот за безбедност при Обединетите нации мора да побара начини да ги прекине приходите на Северна Кореја од странство, вклучително и оние од нејзините работници во други држави, како и да се прекине нејзиното снабдување со нафта

Повеќето аналитичари се согласни дека запирањето на доставувањето на нафта и деривати за Северна Кореја би нанело штетит на нејзината економијал. Останува да се види како ќе постапува Кина, најголемата сојузничка и трговски партнер на Пјонгјанг.

Кина, којашто осигурува поголем дел од сировата нафта за Северна Кореја, повеќе не објавува извештаи за испораките на нафта за оваа земја, но според податоците на Јужна Кореја, испорачува околу 500.000 тони сирова нафта годишни. Исто така, извезува преку 200.000 тони нафтени дериват, според податоците на Обединетите нации.