Јужна Кореја ја затвори најголемата кланица за кучиња

Властите во Јужна Кореја денеска почнаа со уривање на комплексот кланици на кучиња Тепјеонг-донг , поради реакциите на активистите за заштита на кучињата.

По иницијатива на активистите кои се борат за забрана на користење кучешко месо во исхраната , почна демонтажата на комлексот кланици. Кучешкото месо има посебно место во јужнокорејската кујна , каде годишно се јадат над милион кучиња.

Последните години потрошувачката на кучешко месо е во опаѓање , поради тоа што помладите генерации сметаат дека кучињата се домашни миленичиња , а не храна.

Комплексот кланици е сместен во близина на Сеул , главниот град на Јужна Кореја , наречен Сеонгнам.

Во него се преработувале наеднаш повеќе стотици кучиња , чие месо  потоа им било испорачувано на специјализираните ресторани низ целата земја.

За два дена треба да заврши демонтажата на комплексот кланици и на тоа место да биде направен јавен парк.