Јужна Кореја јави за ново севернокорејско тестирање на балистичка ракета

Северна Кореја, наводно, извршила ново тестирање на балистичка ракета, објави во вторникот вечерта јужнокорејската службена новинска агенција Yonhap повикувајќи се на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Според сознанијата на агенцијата, лансирањето на ракетата било изведено во средата рано утрото по локално време од областа на градот Пхенсон во покраината Пхенан-Намдо.

Информациите за новото ракетно тестирање ја потврдил за телевизијата NBC претставник на вооружените сили на Јужна Кореја. Додал дека ракетата продолжува да лета во насока на Јапонското Море. Лансирањето било потврдено и од Пентагон.

Како што пренесе телевизиската мрежа ABC, јужнокорејските воени извори потврдиле севернокорејско лансирање на балистичка ракета. „Потврдуваме дека пресретнавме лансирање на балистичка ракета од Северна Кореја. Според нашите набљудувања, ракетата е насочена кон Јапонското Море“, го цитира телевизијата својот неименуван соговорник.

Државната јапонска новинска агенција Kyodo пишува дека ракетата би можела да падне во Јапонското Море во ексклузивната економската зона на Јапонија. Според јапонското министерство за одбрана, ракетата летала 50 минути, пренесува јавната телевизија NHK.

Претходно во вторникот беше објавено дека јапонската и американската војската регистрирале за зголемување на активноста на радио сигнали во Северна Кореја, што може да се толкува како подготовка за лансирање ракета. Според овие извештаи, тоа може да укажува на проверка на функционирање на системот со чијашто помош проектилот испраќа сигнал до земјата. Истовремено, ваквите радио сигнали може да укажува и за подготовка за редовните зимски воени вежби.

Северна Кореја продолжува со развивање на својата ракетна програма, и покрај несогласувањето на меѓународната заедница. Како одговор на ваквите активности на Пјонгјанг, Советот за безбедност при ОН воведе нов сет санкции со кои значително се ограничуваат извозот и увозот од Северна Кореја. Од април годинава Северна Кореја редовно извршуваше ракетни тестирања, но од 15-ти септември кога севернокорејската ракета го прелета јапонскиот остров Окинава настапи затишје на ваквите активности.