Ракета од типот Хонму е способна да уништи цел на растојание од 800 километри.
Тоа значи дека ракетата може да погоди која било цел на територијата на Северна Кореја.
Тестот се оценува како успешен, изјави извор од јужнокорејското Министерство за одбрана.
Северна Кореја вчера испука балистичка ракета со среден дострел. Таа прелета 60 километри достигнувајќи максимална височина од 189 километри. Ракетата падна во Јапонското Море без да причини штети.