![штекли](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/shtekli.jpg?resize=696%2C696&ssl=1)
-Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со Јавен обвинител, продолживме со активностите против криминалната група на Штекли, и при дополнителни дејствија, по само нецел месец од разбивањето на групата, повторно е пронајдена и одземена дрога од истата криминална банда, информира Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност.
-Продолжуваме со нашата посветеност во борбата со недозволена трговија со дрога. Нема непобедливи криминални структури – тоа го потврдуваме со секој нов успех и го разбиваме митот за непобедливоста на одредени поединци, истакна Јанев.