Кај Елшани спасен холандски турист со скршена нога

Регионалниот ЦУК Охрид, извести дека Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15 часот вчера, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид.

Извршено е извлекување на повредено лице од околината на с.Елшани, холандски турист, кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид.

Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман.