![migranti gevgelija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/migranti-gevgelija.jpg?resize=696%2C371&ssl=1)
Во тешко товарно возило со ладилник, граничната полиција откри 142 мигранти кои илегално ја преминале македонско-грчката граница со надеж дека ќе бидат транспортирани до српската граница. Возачот на камионот со бугарски регистарски ознаки, а приколката ладилник со гевгелиски таблички, избегал од местото на настанот, но од граничната полиција велат дека неговиот идентитет им е познат. На речиси истата локација пред десетина дена беше откриена група од околу 113 мигранти во камион со косовски регистарски ознаки.
,,Полициските службеници ги следаат начините на нивно дејствување и рутите меѓутоа и начините на кои се организираат групите. Секако дека отворањето на границите на европските држави го зголемува ризикот од зголемен број обиди за илегални преминувања, но паралелно ние ја зголемуваме екипираноста и позиционираноста на нашите тимови долж јужната граница“, рече дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.
Дека рутата за транзит на мигрантите од гевгелиско и од автопатот Пријателство се поместува кон струмичко, зборува и статистиката на МВР. За последниве 4 дена во струмичко во три одделни случаи се откриени 50-тина мигранти претежно од Пакистан, Бангладеш и Сирија.