Што се однесува до неовластеното реемитување на особено регионални канали, Министерот Мначевски рече:
„Мислам дека сме блиску до взаемно прифатливо решение и за радиодифузерите и за кабловските оператори да ги заштитат своите права и да нема обвинувања за прекршувања на авторските и сродните права“
Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ пак додаде дека почитувањето на авторските права е и прашање кое што ќе се отвори и во тек на пре говорите со ЕУ, затоа не е дозволиво било каков трговски ентитет да не ги почитува.
Петте национални телевизии најверојатно од понеделник ќе почнат со широка акција во сузбивање на пиратеријата, која ќе започне со доставувае нанови кривични пријави до ОЈО, за дел од кабелските оператори кои, иако предурпедени, реемитуваа пиратски содрини преку странските (регионалните) канали. Дополнително, такви недозволиви програми (или дел од нив) им се продаваат на граѓаните со што директно го нарушуваат нивниот буџет и ги доведуваат до очигледна заблуда.
Лагите на дел од кабелските оператори дека националните телевизии се виновни за наводно покачување на цената, ќе мора да ја докажат на секој можен начин, особено оној кабелски оператор чиј сопственик во едно интервју призна дека е и сопственик на една кабелска телевизија со многу мал рејтинг, што претставува измама и сериозно дело за што ќе мора да реагираат и регулаторот и надлежните државни органи.