Најмладата милијардерка на Светот, Кајли Џенер (23) објави фотографии во бикини, кои ги истакнуваат нејзините гради во преден план.
Инфлуенсерката престојува во Аспен, Колорадо, но и покрај снегот во американскиот зимски центар, 23-годишната Кајли влезе во базен во беж минијатурен бикини што едвај ги покриваше нејзините огромни гради, додека таа носи очила за сонце и златен ѓердан околу вратот.
-Јас пливам кон 2021 година – напиша Кајли во описот на фотографијата.
Со објавените фотографии, Кајли собра неверојатни 19 милиони лајкови, што и не е чудно со оглед на тоа што на Инстаграм ја следат 206 милиони следбеници.