Кајли Џенер со приватен авион летала три минути, па ги налути корисниците на Твитер

Кајли Џенер налути еден куп корисници на Твитер со нов потег. Кајли со приватен авион тргна пред некој ден од Камарило, Калифорнија до Ван Најс, исто така во Калифорнија. Летот траел три минути, но да возела со автомобил, би и требало дури еден час.

Нејзиното користење на приватни авиони сега е топ тема на Твитер. Профилот наречен Celebrity Jets, кој ги следи движењата на славните со приватен авион, објави податоци за Џенер кои открија дека ријалити ѕвездата неодамна летала со авион само три минути.

Луѓето се сега бесни поради тоа. Многумина ја критикуваат поради штетата што ја прават летовите со приватни авиони врз животната средина и истакнуваат дека многу луѓе никогаш не патувале со авион, а таа ги користи за триминутни летови.

„80 отсто од луѓето никогаш не летале со авион, а Кајли Џенер ги користи за десетминутни летови. Пет од нејзините летови минатата недела беа пократки од 30 минути, а еден траеше три минути“, „Европа гори како Кајли Џенер оди на летови во траење од 15 минути. Можев да рециклирам сè, да ја купам целата моја користена облека, да компостирам и да одгледувам сопствена храна до крајот на мојот живот и тоа нема да ја надомести еколошката штета од еден нејзин лет“, „Ве молам продолжете со рециклирање и намалување на отпадот за Кајли да може да го користи својот приватен авион“, „Кајли сама создаде повеќе CO2 за шест месеци со својот авион отколку јас за три години“, „Кајли лета три минути, но јас морам да користам хартиени сламки“, „Планетата умира, а ти со приватен авион одиш од Камарило до Ван Најс? Сериозно?“,  се само дел од илјадниците твитови.