Kај Џорџина ни ручекот не поминува без жежок фустан, погледнете ја сликата од јахтата

Џорџина Родригез се пофали со фотографија со Кристијано Роналдо и ги воодушеви многубројните фанови.

Убавата Џо објави фотографија на која Роналдо седи на маса на јахтата, додека таа послужува во црвен деколтиран фустан.

Фотографијата во еден час собра повеќе од милион лајкови и бројни коментари.

„Љубовта е во воздухот“, „Најубавиот пар некогаш“, „Совршенство“, „Џорџина е нестварна“, „Кралот и кралицата на Португалија“, се воодушевуваа многумина во коментарите, а имаше и такви кои не ја кријеа љубомората. „Сакам и јас вака да јадам“, „Каква жена, колку му завидувам на Роналдо“, пишуваа некои.