Кај СДС се е по старо, го штитат судијата Пајазити и кријат дека им избегале од затвор притворените за убиството кај Мавровка

СДС продолжува да го штити судијата Пајазит Пајазити кој крие дека од затвор им избегаа притворените за убиството кај Мавровка.

СДС продолжува со одбраната на Пајазити кој е виновен за бегството на Блерим Рамадани. Доколку Пајазити донесеше одлука за ефективен притвор Рамадани сега ќе беше во КПУ Скопје или установа позната како затвор Шутка.

Судијата Пајазити треба да биде разрешен веднаш, а не да се купува време се со цел Пајазити да остане судија уште некое време.

СДС продолжува со криење на скандалот за избеганите затвореници во нивни време, а кои се сега приведени за убиството кај Мавровка. Факт е дека избегале во време на СДС и тоа лесно се докажува. Оттука само може да се постави едно прашање дали свесно се оставени да избегаат и зошто?

Институциите се уништени. Последиците не може да се санираат за неполни два месеци. Затоа секој кој постапувал спротивно на законот ќе реагира, а институциите веќе се вратени на граѓаните, стои во соопштението на партијата.