На социјалните мрежи врие од реакции за 30-дневниот притвор на специјалната обвинителка Катица Јанева која веќе се наоѓа во истражниот затвор во Шутка и она за што се товари. Во суштина се повтора историската реплика од култната ју-комедија „Тесна кожа“ „Кај се парите… (Где су паре Пантиќу?!).
„Чекај, чекај малку. Каде се парите? До сега познати и потврдени се од Силјан Мицевски 750.000 евра и од стружанецот 250.000 (Амозски од Дримблидинг), повлечени преку Меѓународниот сојуз. Тоа се 1.000.000 евра. Од Орце (камчев) прво земаат 500.000, а потоа 1.000.000 евра во „Луј Витон“. Плус 400.000 од Жаре преку Башановиќ, тоа брату се вкупно 2.900.000. евра, до сега.
Потпретседателот на ВМРО Александар Николовски тврди дека се изрекетирани околу 20 милиони евра. Од сета таа тешка пара Јовевски и Рускоска ја најдоа кабает Катица за не цели 5.000 евра!? Па кого правите будали бе, народот или сами себе? Пак ќе прашам, каде се парите? Ако вие не знаете викнете ги во обвинителство паровите Ременски и Шеќерински, можеби тие знаат! Костадин на таа близина и интима со Боки Тредичи сигурно знае нешто или него поради друго го дружел? Зоран Заев по Орце прв пријавил, него не го чепкајте, сигурно појма немал! Веројатно сте свесни дека оваа власт за неколку месеци ќе падне и дека овие криминалии ќе мора да бидат расчистени, парите одземени, а криминалциве и рекетарите осудени! Чуството кај народот, а и мое лично е дека вие свесно се правите да го заташкате случајов, а криминалциве и рекетарите со што полесно да поминат. Па така, од досега земените 2.900.000 евра, вие цел рекет го сведовте на тросед, двосед и табуретки. Едно време и Катица така како вас излегуваше по пресови, па видете ја сега, главата не знае каде и е. Брзо минува времето, а уште побрзо ќе дојдат промените, па да не се чешате на крај и вие каде што не ве чеша“, пишува Александар Пандов на својот Фејсбук статус.
Има и многу други реакции,како на пример зошто не распинат Боки 13, па сите да одговараат, и тие што давале и тие што земале пари. Тајкуните го управуваат судоството и правдата и многу други…
https://twitter.com/Semir_k11/status/1164154547176185857?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1164154547176185857&ref_url=https%3A%2F%2Fbulevar.mk%2Fna%25d1%2598ludite-tvitovi-za-apse%25d1%259aeto-na-katicza%2F
Се знае кој апси се' уште! pic.twitter.com/6QgjmJrE0R
— Поцков (@GPockov) August 21, 2019
По грешка уапсена и Биба… ради сваки случај :))
— Мацко (@februar1967) August 21, 2019
https://twitter.com/Vlatko100janosk/status/1164148168256294912?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1164148168256294912&ref_url=https%3A%2F%2Fbulevar.mk%2Fna%25d1%2598ludite-tvitovi-za-apse%25d1%259aeto-na-katicza%2F
Ни Катица не очекуваше дека волку ќе ја забрза истрагата.
— Бактерија (@EsherihiaColi) August 21, 2019
Katica is jailed next is Gruevski
— Zaev internation oficial fan (@OficialZaev) August 21, 2019