
Кај осум хрватски војници е откриено присуство на метаболити во организмот.
Од Министерството за одбрана соопштуваат дека е утврдена конзумација на кокаин и марихуана.
Против седуммина е поднесена дисциплинска пријава.
Најголем дел од припадниците се од хрватската армија. Официјално не се знае дали дрогата ја консумирале додека биле на служба или надвор од касарната, како ја набавувале и во колкави количини.
Беа тестирани без најава .
Злоупотребата на наркотици, која претходно беше евидентирана меѓу специјалци во Министерството за одбрана и генералштабот, се тврдеше дека е изолиран случај.