Поицијата поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство против Б.К.(30) од Скопје кој е осомнилен за кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Според МВР вчера од полициска патрола на булеварот „Крсте Мисирков“ во близина на трговскиот центар „Мавровка“ било сопрено патничко возило управувано од Ф.Г., а како совозач бил Б.К. кај кого при преглед е пронајдена марихуана. Дента по издадена судска наредба од Кривичен суд Скопје полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и пронашле пиштол марка „Берета“, револвер со натпис „ZBrno“ модел Grand, шест куршуми кратко зрно, 15 куршуми засега непозната марка и калибар, 322 куршуми долго зрно и марихуана.
Врз основа на доказите од МВР, судија на претходна постапка на Б.К. му одредил притвор.