Педесетгодишна Канаѓанка, која седум пати ја посетила болницата со нејасен говор и екстремен замор, била отпуштена со дијагноза на алкохолна интоксикација и покрај тоа што тврдела дека не пиела, а се испостави дека има редок синдром поради кој изгледа пијана.
Синдромот на автоферментација на цревата е состојба во која габите во цревата произведуваат алкохол со ферментација. Научниците велат дека свесноста за овој синдром – кој има социјални, правни и медицински последици – е клучна за правилна дијагноза и третман.
Повеќе од две години, жената се јавувала на одделот за итни случаи во болница во Торонто, жалејќи се на силна дневна поспаност и нејасен говор. Таа примила неколку терапии со антибиотици за инфекции на уринарниот тракт и земала инхибитор на протонска пумпа за да го намали количеството киселина во стомакот.
И покрај тоа што не пиела алкохол, таа имала покачено ниво на алкохол во крвта и алкохол во здивот. Жената секој пат била отпуштена со дијагноза алкохолно труење и покрај нејзините цврсти тврдења дека не консумирала алкохол, што го потврдило и нејзиното семејство.
Пациентката морала да паузира две седмица од работа по секој случај, а за тоа време јадела многу малку. Нејзините симптоми би се подобриле по една до две седмици, но се враќале секој месец или два.