![heroin_3165078k-191153](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/heroin_3165078k-191153.jpg?resize=696%2C435&ssl=1)
Маж од скопското село Синѓелиќ е приведен откако во вторникот рано утрото при претрес на неговиот дом полицијата открила пиштол и хероин, чие количество не е соопштено.
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, околу 6 часот во селот Синѓелиќ-д страна на Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршен е претрес во дом на 32- годишниот С.А , и на уште неколку локации, и притоа пронајдено е огнено оружје „Застава“ со 9 куршуми, хероин и една дигитална вага.