Кабелот на камерата која го снимала влезот на зградата на Вања бил исечен

Началникот Музафер Каришиќ, на предлог на Обвинителството денеска сведочеше на рочиштето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

Тој учествувал во потрагата на Вања, и кажа дека таткото на девојчето Александар и негов пријател по име Гоце имале снимки и од автомобилот на Панче, и притоа не кажале од каде им се снимките.

„Таткото повеќе се интересираше, што ние имаме, отколку да помогне во истрагата. Од страна на Гоце ми беа испратени многу пораки и снимки. Една би издвоил. Гоце ми испрати слика и снимка од возило на бензиска пупма во Велес, ние тогаш не знаевме за какво возило се работи. Тогаш не нѝ беше јасно бидејќи не беа поврзани случаите. Подоцна сфативме дека на сликата беше Панче со уште едно лице во возилото. Подоцна ние аналзииравме од каде им е таа снимка на Гоце, но не кажаа од каде им е“, изјави Карашиќ пред Судот и додаде:

„Тогаш имавме само информација дека е исчезнат пензионерот, немавме никаква поврзаност“, вели Каришиќ.

Тој рече дека Гоце не дал појаснување од каде им е снимката, и дека имал роднина кој работел на бензинска пумпа.

Обвинителот го праша Карашиќ какви пораки му испраќале Александар и Гоце.

„Тие ми испраќаа слики и снимки од камери. Имавме информации за околните фирми и згради, но не знам како ги прибавиле. Се сеќавам на една снимка што ми ја испрати Александар, од камерата спроти влезот на зградата каде што е киднапирана Вања. Отидовме во тој објект, контактиравме со газдата, но тој ни рече дека друг лице е одговорно за системот на камери и ни даде негов број. Кога отидовме да го контактираме, видовме дека кабелот од камерата беше исечен“, рече Карашиќ, откривајќи детали кои ја нагласуваат комплексноста на случајот.