Белиот кабриот „фолксваген буба“ од венчвката на австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл со потпис на рускиот претседател Владими Путин е продаден на наддавање за 20.000 евра, објави виенскиот весник Kurier.
Автомобилот, на кој покрај автограмот на рускиот челник се и потписите на другите познати личности кои минатото лето беа гости на свадбената свеченост на шефицата на австриската дипломатија, бил продаден во текот на добротвнорниот телефонски маратон „Licht ins Dunkel“, организиран од телевизискиот канал ORF. По свадбата, Кнајсл го донираше кабриолетот во добротворни цели.
Автомобилот бил една од трите најскапи понудени експонати на аукцијата. Најскапо бил платен закупот за рекламна страница во весникот Kurier, која е продадена за 27.000 евра. На второ место е прошетка низ градското собрание со градоначалникот на Воена, Михаел Лудвиг и вечера за осум лица, за што ќе се плати 22.000 евра. Според весникот свадбената „буба“ ја купил претприемаш од сојузната покраина Штирија.
Свадбената свеченоста се одржа на 18-ти јуни во живописни лозарски насади во Штаерска, а Путин на венчавката пристигна со букет цвеќе во придружба на Козаци, кои на младенците им отпеале традиционални козачки песни и се задржа еден час при што одржа здравица на германски јазик и танцуваше со невестата. На младенците им подари слика си рурален пејзаж, стара цедалка за путер и тулски самовар, а своите желби ги остави на хаубата на автомобилот на младенците.
Меѓу стотината гости, беа и австрискиот конзервативен премиер Себастијан Курц и неговиот заменик од крајната десница, Хајн-Кристијан Штрахе.