Најмалку осум лица загинале а уште 25 се ранети во средата утрото во нападот изведен врз конвој на меѓународните сили кои патролирале во близина на американската амбасада во центарот на авганистанската престолнина Кабул, соопшти авганистанските власти..
Во нападот вез „конвојот на странски сили кои минуваат низ зоната“, загинаа осум лица а 25 се ранети, „повеќето цивили“, изјавил портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи Наџиб Даниш, пренесува агенцијата AFP.
Според авганистански безбедносен извор, станува збор за „автомобил“ чијашто цел бил „американски конвој кој вршел патролирање во близина на американската амбасадата и главниот штаб на Решителна поддршка“, операцијата на НАТО во Авганистан во кој има и ротирачки македонски контингент.
Овој извор тврдел дека во нападот сите осум загинати и 23 ранети биле авганистански цивили. Исто така, полесно биле ранети и двајца американски војници коишто брзо биле евакуирани од зоната.
За овој напад засега никој не ја презема одговорноста. Тој се случи неколку дена откако талибаните најавија започнување на нивната вообичаена „пролетна офанзива“ при што особено им упатија закани на странските сили во Авганистан.