Кацарска и се закани на одбраната на Јанкулоска дека нема да прифати никакво боледување

На денешното рочиште за „Тенк” поради ризична бременост не беше присутна обвинетата Гордана Јанкулоска. Според мислењето на техничкиот советник на одбраната д-р Татјана Гуржанова, Јанкулоска се наоѓа во 37-та недела од бременоста и поради тоа и е препорачано строго мирување.

Бранителот на обвинетата Гордана Јанкулоска, Сања Арсиќ достави до судот мислење од д-р Гиржанова кое е формирано од извршените прегледи од конзилиумот на доктори од Здравствената јавна клиника за гинекологија и акушерство Скопје, во кој што учествувала и Гиржанова.

Мислењето на техничкиот советник Д-р Гуржанова која е и овластен судски вештак од областа на акушерството и мислењето на Конзилиумот се идентични.

Но, судијата Кацарска рече дека ова е последен пат да одложува рочиште и и се закани на одбраната дека во иднина ќе презема други мерки. Поради тоа што Јанкуловска јавно ја прозивала во медиумите, Кацарска рече дека како мајка како жена ќе почитува 45 дена и веднаш со строг тон почна да ги чита следните термини. Таа закажа термини од 29 јуни, 29 август, 30 август, 4 и 5 септември па се до крајот на октомври, иако не и се верувало дека до тогаш ќе трае предметот Тенк.

На денешното рочиште беа присутни сведоците Љупчо Цековски, Маријан Милошевски и Сашо Гиоски.