Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев го одби барањето на адвокатите на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за изземање на судијката Добрила Кацарска од предметот „Тенк“ во кој и се суди за набавката на луксузниот мерцедес.
Нејзините адвокати, Боро Тасевски и Сања Алексиќ, на денешното рочиште доставија мислење од Комисијата за заштита од дискриминација, според кое судот отстапил од вообичаената пракса на закажување на рочиштата и дека постои дискриминаторско однесување и постапување што доведува до вознемирување и повреда на достоиснтвото на Јанкулоска како и дека тоа претставува заканувачка, понижувачка и застрашувачка практика.
Судијката Кацарска не даде образложение зошто е одбиена на барањето за изземање, туку само им го врачи решението на адвокатите на Јанкулоска.
Судењето за „Тенк“ е во тек со сослушување на сведоци.